Свет 13. февруари 2019. / 11:02

Генерален штрајк ја парализираше цела Белгија

Генерален штрајк ја парализираше цела Белгија

Денеска во Белгија парализирани се воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, а затворени се и стотина фабрики, поради генералниот штрајк на работниците низ земјата, кои бараат повисоки плати.

Синдикатите протестираат против лимитирањето на платите во време на економски раст и бараат подобри услови за предвремено заминување во пензија, минимлна плата и подобро стручно усовршување, пренесуваат белгиските медиуми.