Свет 28. октомври 2019. / 10:45

Генерал од армијата на Садам Хусеин нов лидер на Исламска држава?

Генерал од армијата на Садам Хусеин нов лидер на Исламска држава?

Се верува дека милитантот Абулах Кардаш е избран за наследник на лидерот на Исламска држава Абу Бакар Ал Багдади, за кој САД тврдат дека е убиен во специјална мисија на американските сили во сирискиот град Идлиб.

Според извештај, Багдади во август го задолжил Кардаш за „муслиманските работи“ на исламистичката група, но Исламска држава никогаш јавно не го поддржала, пренесува „Њузвик“.

Како што пишува, Абдула Крдаш понекогаш се претставува и како Каршеш. Малку се знае за него, но се знае дека некогаш му служел на Садам Хусеин.

Регионален официјален известувач изјавил дека се претпоставува дека Кардаш ја преземал улогата на Багдади.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во неделата дека лидерот на Исламска држава загинал на северозападот од Сирија кога активирал појас со експлозив во тунел во кој влегол, бегајќи од американските војници. Тој рече дека Багдади бил во тунелот со своите три деца и дека го активирал појасот со експлозив од чија детонација сите загинале.

Трамп се заблагодари на Русија, Турција, Сирија и Ирак за помошта во оваа акција, со напомена дека немало жртви на американската страна.