Свет 15. април 2020. / 09:35

Генерал Мили: Истреланите ракети на Северна Кореја не се закана за САД, можеби имале некоја прослава

Генерал Мили: Истреланите ракети на Северна Кореја не се закана за САД, можеби имале некоја прослава

Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, смета дека неодамнешните тестирања на ракети од среден дострел, што ги изврши Северна Кореја, не претставуваат особена закана за САД.

Не мислиме дека тоа што се случи е особено провокативно и заканувачки за над, тоа можеби е поврзано со некои прослави во Северна Кореја. Не мислам дека станува збор за намерна провокација кон САД – смета Мили.

Генералот истакна дека истреланите проектили не биле особено големи.

Северна Кореја од својот источен брег вчера лансираше неколку проектили за кои има сомневања дека се крстосувачки ракети од мал дострел.