Свет 09. јуни 2018. / 17:03

Генерал-мајорот умрел за време на борбата: Сириската војска жестоко удри по Исламската држава (ВИДЕО)

Генерал-мајорот умрел за време на борбата: Сириската војска жестоко удри по Исламската држава (ВИДЕО)

Брзо откако Исламската држава се инфилтрирала во пограничниот град Ал Букамал, од западен правец, сириската војска ги реорганизирала силите и успешно ги исфрлила терористите и целосно ги обезбедила околните подрачја.

Видео снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дел од жестоките борби кои се одвивале во западните делови на градот. На снимката се прикажани возила кои ИД ги користела во нападот и неколку убиени џихадисти во судирите.

Во тој контекст, шефот на 11. оклопна дивизија на сириската војска, генерал-мајор Али ал-Хусеин, умрел од срцев удар додека се водела борбата против ИД.