Американскиот министер за одбрана Џим Матис изјави дека ја разгледува можноста за одржување на први разговори со неговиот руски колега, Сергеј Шојгу.
„Размислувам за средба со мојот руски колега, но се уште нема одлука за тоа“ Матис им изјавил на новинарите во Пентагон.
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон исто така би можел да се состане со рускиот министер за безбедност, Николај Патрушев до крајот на летото, соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков. Болтон беше во посета на Москва крајот на јуни, како подготовка за самитот меѓу американскиот и рускиот претседател во Хелсинки.
Шојгу последен пат телефонски разговараше со американскиот министер за одбрана во септември 2015 година, кога двете страни разговараа за ситуацијата на Сирија. Тогаш Пентагон го оцени разговорот како конструктивен.