На работната средба со група актуелни пратеници и поранешни албански пратеници во Тирана, генералот на НАТО Мајкл Барберо разговарал за Самитот на НАТО и ситуацијата во Иран и Ирак.
-Не е точно дека САД сака да го окупира Иран. Убиството на генералот Сулејмани беше со цел да се превенира. Иран организираше неколку софистицирани напади, на кои од нас немаше одговор. Ги презедовме неопходните активности за да го заштитиме нашиот народ. Нуклеарниот договор со Иран не е добар, мора да преговараме за друг – изјави Барберо.
Генералот оцени дека убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, е многу значајно.
Говорејќи за безбедносните предизвици, Барберо истакна дека убиството на Сулејмани било многу значајно, дури позначајно од убиството на Осама бин Ладен, или лидерот на ИСИС во Ирак, Абу Бакр ал-Багдади.
– Нападот за да се убие Касем Сулејмани беше многу значаен,позначаен од убиството на Осама бин Ладен или Абу Бакр ал-Багдади. Тој беше архитект на секаков вид нестабилност. Ниту Хезболах не би го нападнал Израел ако тој не дадеше наредба. Сите насилни напади кои доаѓаат од шиитите ги водеше Сулејмани. 700 американски војници починаа од ова оружја како резултат на водството на Касем Сулејмани. Неговото минато услови да биде прогласен за терорист. Тој стоеше зад Хезболах и зад сите напади што се случија – изјави Барберо.