Свет 25. февруари 2020. / 14:05

Гелот за дезинфекција на раце во Италија поскапе за 10 пати

Гелот за дезинфекција на раце во Италија поскапе за 10 пати

Корона вирусот во северниот дел на Италија го прави своето. Отако граѓаните ги испразнија рафтовите, а по аптеките нема маски, поскапе и еден од најбараните гелови за миење и дезинфицирање раце.

На пример, гелот „Amuchina“, кој во Италија се користи многу и чини од три до четири евра, сега се продава по цена од 30 евра!

На веб-страната на Амазон пакување со четири вакви гела, пак, се продава за 110 евра. Луѓето во паника го купуваат и по оваа цена.