Свет 30. декември 2020. / 19:28

Гејтс: Животот ќе се врати во нормала во 2021 година

Гејтс: Животот ќе се врати во нормала во 2021 година

Еден од најбогатите луѓе на светот има одговор. Милијардерот Бил Гејтс е во подобра положба од останатите кога станува збор за борбата против коронавирусот.

Тој донирал околу 10-на милиони долари во научната борба против овој опасен вирус преку неговата фондација.

Но, охрабрувачки е тоа што најбогатиот човек на светот мисли дека во 2021 година работите ќе се вратат во нормала.

На својот блог Гејтс објавил дека „до пролет 2021 година ќе ги видиме позитивните резултати од масовната вакцинација за коронавирусот, велејќи дека до лето животот би бил многу поблиску до нормалата“.

Тој исто така мисли дека „имаме наука на која што треба да ѝ бидеме благодарни за подобриот изглед на 2021 година која што ни се смешка на сите нас“. Вакцините и нивниот очигледен успех се главната причина која што Гејтс го прават оптимист во целата оваа ситуација во која се наоѓа светот.

-Не само што имаме три вакцини кои што очигледно се ефикасни, туку имаме и многу слични вакцини во развој и се надевам дека наскоро истите ќе бидат подготвени, вели Гејтс.

Духот на соработката, како што смета Гејтс, би можел да осигура голем број од луѓето да се вакцинираат што побрзо.

-Многу од фармацевтските компании гледаат корист од заедничката работа. Тоа е слично како во текот на Втората светска војна, а САД го зголеми капацитетот на производство, вели Гејтс.