Свет 15. јануари 2021. / 20:24

Гебрејесус: Сакам да видам вакцинирање во секој држава во наредните 100 дена

Гебрејесус: Сакам да видам вакцинирање во секој држава во наредните 100 дена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска побара кампањи за вакцинација за ковид-19 во сите држави во светот во наредните 100 дена.

– Сакам да видам спроведување на вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.