Генералниот директор на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус изјави дека СЗО предупредила на опасноста од корона вирусот уште кон крајот на јануари, но дека немала мандат да ги принуди земјите да ги спроведуваат нејзините препораки.
Светот требаше внимателно да ја слуша СЗО, бидејќи светската криза почна на 30 јануари, кога надвор од Кина беа заразени 82 лица, а немаше починати – посочи Гебреисус.
Тој додава дека СЗО му препорачала на целиот свет како да го примени глобалниот пристап кон заштита на јавното здравје од вирусот.
Кажавме дека треба да се идентификуваат заболените, да се тестираат, да се изолираат и да се открие со кого биле во контакт. Земјите што ги послушаа таквите препораки се во подобра ситуација. Тоа е факт што покажува колку е важно да се слушаат препораките на СЗО – наведе Гебреисус.
Тој додаде дека СЗО ќе продолжи да дава препораки засновани врз науката и доказите.
На секоја земја останува дали ќе ги применува – истакнува генералниот директор на СЗО.