Свет

Газа и Израел се се поблиску до нов конфликт

Газа и Израел се се поблиску до нов конфликт

Израел и Појасот Газа се „опасно близу“ до нов конфликт како резултат на неодамнешните судири, предупреди денеска дипломатската служба на Европската унија.

– Порастот на насилството последниве денови опасно ги приближи Ирзаел и Газа до нов конфликт, се истакнува во соопштението.

ЕУ притоа апелира до двете страни да внимаваат да не ги загрозуваат животите на цивилите.

Појасот Газа е под контрола на радикалното палестинско движење Хамас, кое не ги признава мировните договори меѓу Израел и Палестинците.