Групата седум најразвиенио земји во светот (Г7) се залага за привремен прекин на отплатата на долговите на сиромашните земји.
Предлогот е одобрен од министрите за финансии и централните банки на земјите, но тој ќе стане официјален само ако тоа го потврдат и владите на Г20.
Групата Г7 ги вклучува Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Поддршката за предлогот беше дадена на он-лајн средба со која претседаваше Стивен Мнучин, американскиот секретар за финансии.