Свет 26. август 2019. / 14:25

Г20 со финансиска помош од 20 милиони долари за пожарите во Амазонија

Г20 со финансиска помош од 20 милиони долари за пожарите во Амазонија

Лидерите на земјите од групата 7 на самитот во Бијариц, Франција, денеска постигнаа договор за финансиска помош од 20 милиони долари, со цел да се помогнат напорите за гасење на пожарите во Амазонија.

-Реалноста е дека за итна помош навистина има потреба од парични средства, затоа што нема доволно пари за да се финансираат летовите на авионите за гасење на пожарите, изјавил анонимен извор за „Ројтерс“ кој ја потврдил бројката од 20 милиони американски долари.

Бразилската вселенска агенција соопшти дека бројот на пожари во амазонската прашума е зголемен за 83 проценти во однос на минатата година, како резултат на уништувањето на шумата со цел теренот да се пренамени во обработливи површини.