Свет

Г-7: Русија да ја открие програмата „Новичок“

Г-7: Русија да ја открие програмата „Новичок“

Министрите за надворешни работи од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска ја повика Русија да објави детали за нејзината програма за хемиско оружје Новичок, која, според нив, послужила за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Тие оценија дека Новичок претставува „закана за сите“.

„Го делиме заклучокот на Велика Британија дека, од една страна, многу е веројатно дека Руската Федерација е одговорна за нападот и, од друга страна, не постои друго можно објаснување”, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија.

Според нив, одбивањето на Москва да одговори на легитимните прашања на британската влада само ја покажува нејзината одговорност.