Одлуката на компанијата „Најк“ да започне политички контроверзна рекламна кампања со имиџот на американскиот фудбалер, Колин Каперник, можеби нема да ја донесе очекуваната добивка за компанијата, бидејќи на потрошувачите изгледа веќе им е доста од мешање на политиката при нивниот избор при купувањето, пишуваат медиумите.
Каперник, во 2016 година ја започна акцијата на клекнување на играчите за време на изведувањето на химната пред почетокот на играта, во знак на протест поради полициската бруталност кон црнците. Откако „Најк” ја започна својата нова рекламна кампања, социјалните мрежи биле преплавени од коментари, додаваат медиумите. Обувките на „Најк“ биле палени, логото на компанијата било отстрането од чорапи, а лошата политика која би можела да доведе до пад на рејтингот на компанијата го најави и американскиот претседател.
Се чинеше дека Америка чекаше уште една рунда на определување кон некоја страна, меѓутоа, работите не се одвиваат по план, пишува Меган Мекардл, колумнист во „Вашингтон пост”.