Свет 06. декември 2020. / 23:20

Франс прес: Во светот од коронавирусот умреа повеќе од милион и пол луѓе, САД се најпогодената земја

Франс прес: Во светот од коронавирусот умреа повеќе од милион и пол луѓе, САД се најпогодената земја

Во светот од коронавирусот умреле 1.529.324 лица додека се заразени 66 милиони и 498.750 луѓе, пренесе денес агенцијата Франс прес, што е новиот биланс собран до 12 часот по средноевропско време.

Од вкупниот број на заразени најмалку 42 милиони и 166.400 луѓе се сметаат за излечени.

Бројот на официјално заразените не го одразува реалниот број на инфицираните, бидејќи многу земји ги тестираат само пациентите на кои им е потребна болничка грижа.

САД, каде првиот смртен случај беше регистриран на почетокот на февруари, се најпогодени од вирусот. Во таа земја умреа 281.206 лица, заразени се 14 милиони и 584.706, а излекувани се пет милиони 576.026 лица.

По САД, земјите со најголем број умрени се Бразил (176.628 умрени и 6.577.177 заразени), Индија (140.182 умрени и 9.644.222 инфицирани лица), Мексико (109.456 умрени и 1.168.395 заразени) и Британија (61.014 умрени и 1.705.971 инфицирано лице).

Кина, без териториите Хонг Конг и Макао, каде почна епидемијата во декември 2019, официјално има 86.619 инфицирани и 4.634 починати лица. Излекувани се 81.706 лица.

Јужна Америка и Карибите имаат 457.911 умрени и 13.452 заразени лица, Европа 442.191 умрени и 19.585.889 инфицирани, САД и Канада 293.789 починати и 14.991.542 инфицирани лица, Азија 199.482 починати лица и 12.705.883 заразени, Блискиот Исток 81.445 умрени и 3.480.566 заразени лица, Африка 53.564 умрени и 2.252.289 инфицирани, и Океанија 942 умрени лица и 30.418 заразени.

Франс прес секојдневно прави биланс врз основа на државните податоци на земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација