Свет 03. март 2020. / 09:34

Французите ги празнат маркетите поради Ковид-19

Французите ги празнат маркетите поради Ковид-19

Во Франција расте загриженоста поради корона вирусот, повеќе супермаркети соопштија дека нивните загрижени клиенти почнале да создаваат резерви.

Тестенини, ориз, средства за хигиена, фотографиите ставени на социјалните мрежи, сведочат за празните полици во  продавниците. Феноменот, меѓутоа, не е присутен само во Франција, бидејќи слични однесувања се забележани и во Германија.

Инаку според последните бројки на француските здравствени власти во земјата има 191 потврден случај на корона вирус и три смртни случаи, од кои двете од починатите лица биле на возраст од над 80 години и имале други здравствени проблеми.