Свет 23. мај 2019. / 22:34

Французинка од 102 години убила 92-годишна жена

Французинка од 102 години убила 92-годишна жена

За злосторство во дом за стари лица, односно за убиство на 92-годишна жена, осомничена е нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.

Обдукцијата покажа дека старицата била усмртена со давење и добила неколку удари по глава. Нејзината 102-годишна цимерка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата и поради тоа била префрлена во психијатриска болница. Извори од болницата велат дека старата жена во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.