Свет 07. октомври 2020. / 16:00

Французинка и Американка ја добија Нобелова награда за хемија

Французинка и Американка ја добија Нобелова награда за хемија

Научничките Емануела Шарпентје од Франција и Џенифер Дудна од САД денеска ја добија Нобеловата награда за хемија, за развој на методи за промена на геном.

– Емануела Шарпентје и Џенифер Дудна ја направија една од најголемите алатки во генетската технологија, а тоа се генетските ножици KRISPR / Cas9 (CRISPR / Cas9)“, објави Шведската кралска академија на науките.

Тие две ќе добијат награда од 1,1 милиони долари.

Оваа технологија, која има револуционерно значење за науката, придонесува за нови терапии во борбата против ракот. Сега сонот за целосно лекување на наследни болести е многу близу, оцени Кралската академија на науките на Шведска.