Свет 03. јули 2020. / 09:59

Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка

Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка

Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, соопшти Елисејската палата. Со него се повлече и целата влада, јави АФП.

Филип стана премиер на Франција на 15 мај 2017 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ќе има „нов тим“ на владата, потврдувајќи ги медиумите дека претстои промена во составот на францускиот кабинет, но притоа не прецизираше дали Филип ќе остане премиер.

Едуар Филип на локалните избори во неделата победеи во градоначалничката трка за Авр.