Свет 09. март 2020. / 22:49

Францускиот министер за култура е заразен со коронавирус

Францускиот министер за култура е заразен со коронавирус

Францускиот министер за култура Франк Ристер е заразен си коронавирус, објави неговата канцеларија и додаде дека е добро и е во домашен карантин.

Ристер минатата недела помина неколку дена во Националното собрание, од каде има неколку потврдени случаи на инфекција. Службите на премиерот изјавија дека „министрите подлежат на истите правила како и сите Французи“. „Правилата на претпазливост важат и за владата“, велат од канцеларијата на владата.

Министерот за култура бил во Собранието за време на сесијата на Комисијата за култура. Откако биле објавени првите потврдени случаи, тој рече дека нема да присуствува на настаните закажани за викендот.

Петмина пратеници и двајца членови на персоналот на Националното собрание се заразени со коронавирус, од кои двајца биле членови на Комисијата за култура. Ристер не е првиот заразен владин претставник во светот, меѓу позитивните се неколку ирански високи функционери.