Во дводневна акција, француски војници во Мали убиле повеќе од 30 милитанти коишто биле поврзани со Исламска Држава и со Ал Каеда.
Во операциите биле вклучени дронови, борбени авиони и хеликоптери, соопшти француската војска.
Во регионот Гурма во Мали, француските војници убиле околу 20 исламски милитанти и уништиле неколку нивни возила, додека во регионот Липтако, што е упориште на ИД загинаале уште 10 исламистички борци.
Франција има околу 4.500 војници распоредени во регионот, како дел од антитерористичката единица, „Операсион Баркан“.
ОН во Мали имаат мировна мисија од околу 13.000 припадници.
Француските сили убија 33 исламистички припадници во Мали во декември, недалеку од границата со Мавританија, каде што се активни активни групи поврзани со Ал Каеда. Франција неодамна објави дека ќе испрати уште 600 војници во регионот Сахел.