Контроверзниот француски научник Лук Монтание, кој ја доби Нобеловата награда за истражување на ХИВ во 2008 година, рече дека е сигурен дека коронавирусот е создаден вештачки.
„Болеста Ковид-19 е создадена во лабораторија во Вухан, која се специјализирала во проучување на коронавируси уште од минатата деценија. Научниците веројатно внеле ХИВ РНА во вирусот во потрага по вакцина против овој вирус, така што дошло до манипулации. Не знам како вирусот излегол од лабораторијата, можеби станува збор за некаков волшебник“, рече Монтание во гостувањето на CNEWS.
Неговите изјави кренаа многу прашина а неговите тврдења ги негираше Институтот Пастер во Париз.
„Нема никаква смисла да се поврзе Ковид-19 со ХИВ. Некои вируси имаат сличен генетски материјал, така што можат да бидат поврзани со други, но во овој случај, тоа нема апсолутно никаква научна основа“, рече Етјен Симон-Лориер од институтот.
Монтание е во судир со научната заедница повеќе од десет години. Откако ја доби Нобеловата награда, Монтаниеер во 2009 година рече дека силниот имунитет е доволен за борба против ХИВ, што го истражувал во поголемиот дел од својата кариера. Потоа, тој дошол до теоријата дека водата има меморија, а пред три години се спротивстави на вакцинацијата.