Свет 07. април 2020. / 09:42

Француски министер за здравство: Сè уште не го достигнавме пикот на корона вирусот

Француски министер за здравство: Сè уште не го достигнавме пикот на корона вирусот

Франција сè уште не го достигнала врвот на случаи на корона вирус, изјави денеска министерот за здравство на земјата, Оливие Веран.

Министерот додаде дека мерките за останување дома за време на пандемијата со Ковид-19 „ќе трае онолку колку што е потребно да трае“, но истакна дека претседателот Емануел Макрон може да донесе одлука за продолжување или завршување на мерките наскоро.

-Премногу е рано да се зборува за прекинување на мерката да се остане дома, на сите нас останува да разбереме дека со тоа што ќе останеме дома заштедуваме животи, рече Веран.

Франција е една од земјите што најтешко е погодена од пандемијата во светот. Речиси 100.000 регистрирани инфицирани со корона вирус и 8.911 смртни случаи како резултат на вирусот.