Француската влада се согласи да ги зголеми платите на полициските службеници и да им ги исплати неплатени прекувремени работни часови.
По неколкунеделните протести на „жолтите елеци“, кои исто така беа и насилни, француските полицајци и самите протестираа поради прекувремената работа и илјада неисплатени часа.
Додека полицијата протестираше тројца членови на полицискиот синдикат разговараа со претставници од министерство, а тие разговори траеа цели два дена, објави АП.
Владата, пред да биде постигнат синоќешниот договор најпрвин предложи на полицајците што го обезбедувале Париз за време на протестите да бидат им бидат исплатени бонуси од 300 евра, што тие одлучно го одбија.