Свет 12. март 2020. / 19:30

Француската полиција опколи библиотека во Париз во која наводно влегол вооружен маж

Француската полиција опколи библиотека во Париз во која наводно влегол вооружен маж

Во тек е полициска акција од поголеми размери на Универзитетот Евра во Франција, откако е пријавено дека вооружен маж влегол во библиотеката, објави Паризиен.

Полицијата побара од жителите да ја избегнуваат областа околу универзитетот, каде е поставен голем полициски кордон.

Иако засега нема официјални информации за идентитетот, градоначалникот на Еврија, Стефан Будо наводно изјавил дека станува збор за „подметнување“.

Неименувани извори тврдат дека се работи за намерно кревање узбуна со цел полициските единици да се натераат да реагираат.