Франција затвора две училишта и се обидува да ги увери туристите во ски-центарот Контамин-Монжуа дека се преземаат сите мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.
Кај петмина британски државјани бил дијагностициран коронавирус, а училиштата ќе бидат затворени во текот на следната недела сè додека властите не утврдат точно со кого биле заразените во контакт, соопштија властите.
Петмина британски државјани, меѓу кои и еден деветгодишник, сезаразени со коронавирусот во Франција, зголемувајќи го бројот на 11 , изјави францускиот министер за здравство, Анес Бузин.
Француските власти соработуваат со сите меѓународни партнери за да ги пронајдат сите лица кои биле во близок контакт со заразените Британци и со новооткриените случаи заразени во земјата.