Свет 16. март 2020. / 21:57

Франција во карантин: Макрон најави строго ограничено движење на граѓаните

Франција во карантин: Макрон најави строго ограничено движење на граѓаните

Франција во вторник на пладне влегува во потполна двонеделна блокада, објави во вечерашното обраќање на нацијата претседателот Емануел Макрон.

Најави дека француските граѓани ќе мора да останат во домовите, а ќе излегуваат само заради важни работи, одржувајќи ги мерките против новиот корона вирус кои веќе се преземени во соседна Италија. Секое кршење на правилата ќе биде казнето, најави Макрон во обраќањето до нацијата.

– Ние сме во војна. Не против некоја друга држава, туку против вирусот, изјави Макрон и најави досега најстроги мерки во една европска земја.

Освен што се затвораат сите граници, Франција утре точно напладне воведува потполна забрана на секое необавезително движење со што на граѓаните им е наредено да останат дома. Оние кои ќе ја кршат одредбата ќе бидат казнети.