Свет 14. април 2018. / 13:21

Франција се закани со нови напади врз Сирија

Франција се закани со нови напади врз Сирија

Францускиот министер за надворешни работи Жан – Ив Ле Дријан изјави денеска дека сиријската влада треба да знае дека е можно да има нови напади, ако Дамаск повторно ја премине „црвената линија, односно употреби хемиско оружје .

Поголем дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје е уништен – изјави Де Дријан за француската телевизија „БФМ“.Ле Дријан напоменал дека нема измени во планот на францускиот претседател Емануел Макрон идниот месец да ја посети Русија.