Во Франција денеска регистрирани се повеќе од 20.000 новозаразени од коронавирусот. Точната бројка е 20.468, откако вчера таа бројка падна нешто над 13.000.
Ројтерс јавува дека минатата седмица пет дена беа регистрирани повеќе од 20.000 новозаразени, а два дена повеќе и од 30.000.
Вкупн 930.745 граѓани на Франција се заразија од почетокот на пандемијата и се очекува дек анивниот број до крајот на неделава ќе помине милион, ако овој тренд продолжи.
Во последните 24 часа умреле 262 пациенти, со што вкупната бројка на смртни случаи сега се искачи на 33.885.