Француските власти денес изјавија дека регионот на Париз може да се соочи со нов карантин откако одделот за интензивна нега е блокиран, а вакцинацијата оди бавно.
-Ако треба да воведеме заклучување, ќе го сториме тоа, рече шефот на националната здравствена агенција Жером Салмон, додавајќи дека ситуацијата во регионот на Париз е сложена, напната и влошена.
Салмон призна дека полицискиот час од 18 часа низ целата земја не е доволен во некои региони за да се спречи зголемување на нови случаи заразени со коронавирус, особено на видот што за прв пат беше идентификуван во Велика Британија.
Специјални медицински авиони минатиот викенд префрлија пациенти од областа Париз во помалку загрозени региони.
Во Франција со месеци важи полицискиот час како дел од владините напори да избегне нова блокада, што, според француските медиуми, може скапо да ги чини.