Свет 22. јануари 2021. / 10:11

Франција може да оди во строг карантин поради ширење на коронавирусот

Франција може да оди во строг карантин поради ширење на коронавирусот

Франција ќе мора да прибегне кон строги ограничувачки мерки како оние во Ирска и во Велика Британија, ако не успее да го спречи ширењето на мутираниот коронавирус. Тоа го изјави денеска францускиот епидемиолог и владин советник Арно Фонтане.

Тој за француското радио Ентер нагалчси дека мерката ќе зависи од напредокот во ширењето на мутираниот коронавирус.

Според него, друг проблем е што Франција е во многу тензична ситуација поради исцрпениот медицински персонал во болниците.