Свет 19. јули 2019. / 13:11

Франција: Mинистер си поднесе оставка бидејќи платил вечера со сопругата со службена картичка

Франција: Mинистер си поднесе оставка бидејќи платил вечера со сопругата со службена картичка

Францускиот министер за природна средина Франсоа де Ружи, кој важи за близок соработник на претседателот Емануел Макрон, поднесе оставка по извештаите за скапи вечери платени од државни пари и злоупотреба на субвенционирани станови.

Порталот „Медијапарт“ објави фотографии од Де Ружи и неговата сопруга, во скап ресторан како уживаат во скапа вечера со скапо вино и јастози во време додека тој бил претседател на парламентот. Порталот тврди дека вечерата на сметка на даночните обврзници била приватен настан, додека поранешниот министер се брани дека вечерата била во рамките на неговата работа во Националното собрание