Свет 23. јули 2020. / 17:15

Франција ќе им подели 40 милиони маски на најсиромашните граѓани

Франција ќе им подели 40 милиони маски на најсиромашните граѓани

Франција ќе им подели 40 милиони заштитни маски на најсиромашните граѓани, соопшти министерот за здравство Оливие Веран.

Тој за ТВ Франс 2 изјави дека бесплатните маски за еднократна употреба ќе бидат поделени на седум милиони Французи кои се на работ на сиромаштија.

Од понеделникот во Франција е задолжително носење маски во сите затворени јавни места.

Оние кои не ја почитуваат оваа мерка, се соочуваат со казна од 135 евра.