Свет

Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети, вклучувајќи оружје и документи поврзани со ЕТА

Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети, вклучувајќи оружје и документи поврзани со ЕТА

Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети, вклучувајќи оружје и документи, кои би можеле да расветлат повеќе од 350 нерешени злосторства што ги извршила баскиската сепаратистичка организација ЕТА за време на шеесетгодишната вооружена борба за независност на Баскија.

Премиерите на Шпанија и Франција Педро Санчез и Едвард Филип во Мадрид водеа церемонија по повод одбележување на денот кога ЕТА го предаде оружјето и ставија акцент на билатералната судска и полициска соработка на двете земји.

Локалните медиуми јавија дека на вчерашната церемонија присуствувале и поранешни лидери на Шпанија, роднини на жртви на ЕТА и луѓе што преживеале напади.

Организацијата е одговорна за смртта на повеќе од 800 луѓе, вклучувајќи полицајци, политичари и бизнисмени.

ЕТА кон крајот на април се извини за злото што им го нанела на жртвите и членовите на нивните семејства за време на вооружената борба за независност на Баскија, во северниот дел на Шпанија и југозападна Франција, а на 2 мај целосно ги расформира сите свои структури.