Франција ќе биде поделена на црвени и зелени зони во неделите кога се воведуваат олеснувачките мерки, потврди денеска премиерот Едуард Филип.
Филип ги истакна плановите за следната фаза на мерките против ширењето на коронавирус.
Сите административни региони во Франција ќе добијат црвен или зелен статус, што ќе зависи од три критериуми: бројот на новозаразени во изминатите седум дена, капацитетот на креветите во единиците за интензивна нега и ефективноста на локалното тестирање и следење на контакти.
„Црвената зона ќе значи дека мерките за релаксација ќе добијат построга форма“, рече Филип, додавајќи дека наскоро ќе биде објавена мапа на сите зони.
Франција има регистрирано повеќе од 169,000 случаи на коронавирус и скоро 24.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, според универзитетот Џон Хопкинс.