Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција се зголеми на 200 евра, наспроти досегашната од 135 евра. Казната се однесува за излегување надвор без потврда за време на полицискиот час или непочитување на дополнителните мерки наметнати од префектурата.
Владата на Едуар Филип вети построги мерки за да ги натера Французите да останат дома.
Уредбата предвидува зголемување на казната за повтроување на прекршокот на 450 евра, наспроти 375 од претходно.
Француските сили на редот од почетокот на кризата казниле 225.000 лица, а извршиле 3,7 милиони контроли.