Штитеници на дом за стари лица на северо-истокот од Париз, во еден од најсиромашните региони во земјата, беа првите кои ја примија вакцината против Ковид-19 во Франција.
Прва вакцината ја прими 78 годишна жена во градот Серван, која беше идентификувана само по нејзиното име Морисет.
-Во текот на денот, вакцинација ќе започне и во домот за стари Шампањ во Дижон, пренесува Асошиејтед Прес.
Анкетите за јавното мислење покажуваат дека француските граѓани се малку скептични во однос на новите вакцини, така што владата не ја направи вакцинацијата задолжителна.
Француската влада се надева дека ќе може да вакцинира до 27 милиони од 67 милиони граѓани до земјата.
Повеќе од 62.570 луѓе починаа како резултат на вирусот корона во Франција. Скоро третина од починатите се корисници на домови за стари лица, поради што Владата донесе одлука старите лица да бидат првите кои ќе примат вакцина, како и здравствените работници кои спаѓаат во категории на ризик.