Свет 24. ноември 2020. / 23:14

Франција ја надмина границата од 50.000 починати од коронавирус

Франција ја надмина границата од 50.000 починати од коронавирус

Франција денеска ја помина границата од 50.000 починати од коронавирус со вкупно 50.237 смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа починаа 458 луѓе, додека заразени се повеќе од 9.000 лица.

Притисокот во болниците почнува да се ублажува со 4.427 хоспитализирани, додека во понеделникот имаше 4.438.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави вечерва дека владата планира ублажување на карантинот од 15 декември, неколку дена пред празниците.

Првото ублажување ќе биде во сабота кога ќе биде дозволено повторно отворање на книжарите и цвеќарите, но ќе мора да бидат затворени во 21 часот.

Баровите, рестораните, дискотеките и спортските сали ќе останат затворени.

Извор: Бета.рс