Свет 29. април 2020. / 09:49

Франција и Германија бараат хуманитарна помош за Венецуела

Франција и Германија бараат хуманитарна помош за Венецуела

Советот за безбедност на ОН зад затворени врати ја разгледа хуманитарната состојба во Венецуела, без да донесе одлука за специфична акција.

По сесијата некои европски земји предупредија дека пандемија на корона вирусот „се заканува со разорни хуманитарни последици во Венецуела, која од претходно е во сериозно тешка економска, социјална и хуманитарна состојба“.

Во заедничката изјава на Франција, Германија, Белгија и поранешниот  член на СБ, Полска, изразена е сериозна загриженост дека ситуацијата во Венецуела би можела дополнително да го влоши и дестабилизира целиот регион, што може да предизвика сериозни хуманитарни последици.

Констатирано е дека ЕУ е најголемиот донатор за Венецуела и дека Европа обезбедила повеќе од половина од вкупната помош.

Европјаните упатија повик до меѓународната заедница да ги засили своите напори и да обезбеди соодветна реакција на хуманитарната криза во Венецуела.