Свет 28. април 2020. / 19:15

Франција го усвои планот за повлекување на рестриктивните мерки од 11. мај

Франција го усвои планот за повлекување на рестриктивните мерки од 11. мај

Францускиот премиер Едуар Филип пред Националното собрание го претстави планот за  олабавување на мерките на ограничувањеПритоа, тој предупреди дека ако индикаторите не бидат исполнети, нема да има олабавување на мерките на 11 мај.

Мерките на ограничување и нивното повлекување нема да бидат исти во зависност од регионот, со оглед дека сите региони не се погодени од корона вирусот на ист начин. Тоа значи дека секое оддалечување на повеќе од 100 километри од домот, мора да има неопходни потреби, што пак значи од 11 мај повеќе нема да има потреба од потврда за излегување од дома.

На 11 мај ќе можат да отворат медиатеките, библиотеките и малите музеи.

Од 11 мај ќе се прават по 700.000 виролошки тестови неделно, при што позитивно тестираните лица ќе можат да се изолираат дома или во за тоа наменетите хотели. Нивните блиски ќе бидат тестирани, а тестовите ќе бидат на сметка на социјалното осигурување.

Правилата на социјално растојание ќе треба и понатаму да се почитуваат, особено во продавниците кои ќе можат да отворат на 11 мај, а секоја продавница може да побара носење на заштитна маска. Рестораните, кафулињата и бистроата ќе останат затворени, а одлуката за нивно отворање ќе биде донесена по 2 јуни. Пазарите на отворени исто така ќе бидат дозволени.

Во јавниот транспорт ќе биде задолжително носењето на заштитна маска.

Спортските натпревари и понатаму остануваат забранети. Односно сезоната 2019-2020 за професионалните спортови, како што е фудбалот засега не може да продолжи.

Засега нема одлука за летните одмори и за другите манифестации, бидејќи сите собири со повеќе од 10 лица и понатаму остануваат забранети. Забранети се и религиозните свечености до 2 јуни. Собирите со повеќе од 5000 учесници и на кои им е потребна дозвола од префектурата не ќе можат да се одржат пред септември.

Училиштата ќе бидат прогресивно отворени од 11 мај , додека другите од 18 мај, со максимум од 15 ученици во одделение. Наставниот и училишниот персонал ќе биде со маски ако не може да се почитуваат правилата на заштита. Од забавиште до петто одделени враќањето на училиште на 11 мај е на доброволна основа, на децата не им се советува да носат маски затоа што тие не се прилагодени на нивните лица. За децата од 6 до 9 одделение ќе биде задолжително носењето на маски. Градинките ќе можат да работата само со десет деца, според приоритетот на работните обврски на нивните родители. За средните училишта одлуката ќе биде донесена на крајот на мај.

Премиерот Филип, најави дека на 11 мај ќе има доволно маски за сите.

Според францускиот премиер, повлекувањето на мерките на ограничување е потребни бидејќи во спротивно постои ризик од „рушење на економијата“.

Чувствуваме дека продолжениот прекин на производството на цели делови од нашата економија, дека трајното нарушување на школувањето на голем број деца и адолесценти, дека прекинот на јавните или приватните инвестиции, дека продолженото затворање на границите, дека екстремното ограничување на слободата на движење (…), би претставувало за земјата, не само болното непријатност на затвореност,  туку всушност она што е пострашно, ризикот од колапс. Олабавувањето на мерките ќе се направи според триптихот: заштита- тестирање-изолирање. Тоа значи дека ќе биде потребно да научиме да живееме со Ковид-19 и да се заштитуваме – изјави францускиот Премиер.