Француските локални избори, што требаше да се одржат во март се одложени за јуни.
Сенатот на францускиот Парламент ја донесе ваквата одлука поради епидемиолошката состојба во државата.
Новото гласање на изборите ќе се одржи на 13 и 20 јуни.
Одложувањето на изборите се должи на загриженоста што новите мутации на корона вирусот може брзо да се шират меѓу луѓето во и околу избирачките места.
Во Франција ретко се одложуваат избори, но ланските општински избори, исто така, беа одложено од март за јуни по првиот воведен национален карантин поради корона вирусот.