Свет 03. февруари 2019. / 15:28

Франција: Ако Мадуро не распише избори ќе го признаеме Гуаидо за претседател

Франција: Ако Мадуро не распише избори ќе го признаеме Гуаидо за претседател

Франција ќе го признае лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, ако претседателот, Николас Мадуро не распише предвремени претседателски избори до полноќ, изјави француската министерка за европски прашања, Натали Лоазо.

-Ако до полноќ венецуелскиот претседател Николас Мадуро не се посвети на организирање на претседателските избори, во тој случај, Франција ќе го смета Хуан Гуаидо за легитимен претседател- изјави Лоазо за француската телевизија LCI.

Како што пренесоа тамошните медиуми таа, како фарса, го отфрлила предлогот на Мадуро да организира предвремени парламентарни избори.