Свет 05. ноември 2019. / 13:35

(ФОТО) Затвореници избегале од затвор низ дупка помала од 60 сантиметри

(ФОТО) Затвореници избегале од затвор низ дупка помала од 60 сантиметри

Двајца опасни затвореници, обвинети за убиство, избегале од затворот во Калифорнија така што се провлекле низ дупката во плафонот на бањата потесна од 60 сантиметри, а потоа се провлекле преку ѕидот пред да најдат отвор за бегство, соопштија денеска затворските власти.

Разбојниците направиле дупка долга 20 и широка 56 сантиметри и потоа избегале низ ѕидовите на затворот, јави АП синоќа.

-Ги сметаме за многу опасни. Ве молиме јавете се во полиција ако ги видите или знаете каде се тие – апелираат надлежните до граѓаните.

Досега не е утврдено колку долго ја копале дупката и дали некој им помогнал.