Папата Франциск денеска допатува во Обединетите Арапски Емирати, на прва посета на еден Папа на Арапскиот полуостров.
Папата ја почна турнејата на која има намера да гради мостови меѓу религиите и да го потврди меѓуверскиот дијалог како темелна вредност на својата функција.
Папата пристигна во Абу Даби, каде ќе престојува до вторник, до кога ќе се среќава со првите луѓе на Емиратите, а ќе одржи и миса на отворено.