Тајфунот Фанфон го погоди централниот дел на Филипини при што загинаа најмалку 16 луѓе.
Тајфунот го погоди островот Самар на Божиќ, а голем број жители поради невремето се блокирани во прифатните центри.
Силниот ветер предизвика голема штета, уништи куќи, корнеше дрвја, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.
Филипини секоја година се погодени од околу 20 тајфуни или тропски бури.
Во тропската бура од средината на месецот што го погоди северниот дел на Филипини загинаа 13 луѓе.