Свет 01. октомври 2019. / 11:25

(ФОТО+ВИДЕО) Во Пекинг одржана најголемата воена парада во историјата на Кина

(ФОТО+ВИДЕО) Во Пекинг одржана најголемата воена парада во историјата на Кина

Во Пекинг е одржана најголемата воена парада во историјата на Кина во која учествувале 15000 војници, 580 единици на техниката, 160 авиони и хеликоптери.

Грандиозната парада која се одржа на Плоштадот Тјенмен траела 80 минути. На оваа парада е прикажана кинеската воена технологија развиена во последните 70 години.

Воената парада во Пекинг ја следел и претседателот Си Џинпинг облечен во сива униформа, која многу наликувала на униформите кои ги носеле кинеските раководители во времето на настанувањето на Републиката, пренесе Ројтерс.