По земјотресот со јачина од 7 степени, силно невреме ги зафати Филипини.
Најмалку 22 луѓе загинаа во невреме кое ги зафати островите во централниот дел на Филипини. Силната бура проследена со обилни дождови предизвикала поплави и одрони во регионите Бикол о осточен Висајас.
Во соопштението на службата за вонредни ситуации се наведува дека поголем дел од смртните случаи се предизвикани од одроните и давење во поплавите.
Најмалку 16 луѓе загинале во Бикол, а шест во источен Висајас. Над 22.000 луѓе ги напуштиле домовите пред доаѓањето на бурата која уништила оризови и пченкарни полиња.