Свет 30. декември 2020. / 21:31

(ФОТО+ВИДЕО) Страшен терористички напад во автобус во Сирија, загинаа 25 лица

(ФОТО+ВИДЕО) Страшен терористички напад во автобус во Сирија, загинаа 25 лица

Во терористички напад врз автобус во Деир ел Зор, Сирија, загинаа 25 лица, јави државната агенција САНА.

Автобусот бил нападнат на патот Дале ел Зор-Палмира, во близина на населбата Кабајеб.

Терористи го нападнале автобусот околу 16 часот. Во нападот загинаа 25 лица, а 13 беа ранети – наведува агенцијата.