Свет 20. јануари 2021. / 16:19

(ФОТО+ВИДЕО) Силна експлозија во Мадрид: Уништен дел од зграда и училиште

(ФОТО+ВИДЕО) Силна експлозија во Мадрид: Уништен дел од зграда и училиште

Во Мадрид, нешто по 15 часот, одекна силна експлозија која се слушнала низ целиот град.

Експлозијата разнесе три ката од зграда во центарот на Мадрид, на улицата Толедо. Експлозијата се случила во близина на туристичката атракција Пуерта де Толедо, познатата градска порта. Според Ел Паис, експлозијата уништила горен дел од зграда во близина на домот за стари лица и едно училиште.

Станарите на околните згради се евакуираат, а полицијата, наводно, ги советувала луѓето да заминат во случај да има нови експлозии.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, иако непотврдени извештаи сметаат дека се должи на истекување на гас.

Најмалку шест лица се повредени, едно потешко, изјавија полициски извори за Ла Секста.